
Шеесет и шестгодишниот В.А. од Кавадарци вчера околу 11,40 часот бил пронајден во безсознание во близина на Олимпискиот базен во центарот на Скопје.
Мажот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.
По неуспешните обиди за реанимација, во 12.30 часот од страна на лекар била констатирана смрт.
Телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.