
Милиони Кинези се подготвуваат во четвртокот за прославата на лунарната Нова година, којашто оваа година ќе биде помирна откалку вообичаено, бидејќи големите градови ги забранија огнометите поради загадувањето на воздухот и од безбедносни причини.
Кинеските метрополи, меѓу кои Пекинг и Шангај, ги забранија сите водови огномет кои традиционално се одвиваа во текот на прославата на овој седмодневен празник, според традицијата за да се исплашат духовите од минатата година и да се повика сречата во претстојната. Според кинескиот хороскоп во 2018 година е Година на кучето, која доаѓа по минатата Година на петелот.
Лунарната Нова година е најважниот кинески празник, кој Кинезите главно го минуваат со своите семејства. Се очекува дека стотици милиони луѓе ќе патуваат за да прославуваат со своите најблиски, што претставува најголема годишна светска миграција на луѓе.
Оваа година властите предвидуваат три милијарди патувања со автомобили, возови и авионите во текот 40 дена вкупно околу празникот. Исто така, сé повеќе Кинези овој празник го минуват во странство, во текот на лунарната Нова година оваа година во странство ќе патуваат околу 6,5 милиони луѓе.