Се сруши патнички авион со 66 лица во Иран

Ирански патнички авион се сруши денес на југот на Иран, пренесе АП повикувајќи се на иранската новинска агенција Фарс.

Во авионот АТР-72, кој летал од Техеран до градот Јасуџ на југозападниот дел на Иран, имало 66 патници, а авионот се сруши во планинскиот регион Самир, околу 620 километри јужно од Техеран.

Сите итни служби се информирани, пренесоа агенциите Исна и Фарс повикувајќи се на Пиросеина Кулованда шефот на националната спасувачка служба

Официјалните лица наведоа дека спасувачките хеликоптери не можат да слетаат на местото на несреќата поради густата магла, а итните служби се обидуваат да дојдат по земјен пат.

Авионот, како што се наведува, исчезнал од радарот 50 минути по полетувањето од аеродромот Мехрабад во Техеран.

Аеродромот Мехрабад се наоѓа во западниот дел на Техаран и главно се користи за домашни летови, иако повремено и за меѓународни рути.

Иран го зафатија повеќе авионски несреќи во текот на изминатите неколку години. Официјалните лица велат дека санкциите од САД ги спречуваат да купат нови авиони и резервни делови од западните земји.