
Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Федералното истражно биро (ФБИ) дека троши време за да докаже постоење на некаков руски заговор за време на претседателските избори во 2016 година, наместо да се посвети на извршување на своите обврски.
Според Трамп, ФБИ губи претерано многу време во обидите да докаже дека постоел заговор меѓу неговите соработници и Русија, па затоа не успеало да го спречи тинејџерот Николас Крус, кој во средата уби 17 лица во училиште во градот Паркланд во американската сојузна држава Флорида.
„Многу е жално што ФБИ ги пропуштило сите многубројни сигнали и не реагирало против извршителот на нападот во училиштето во државата Флорида. Тоа е неприфатливо“, објави Трамп на Твитер.
Тој додава дека ФБИ губи многу време за да докажа дека постоел руски заговор во неговата предизворна кампања.
„Нема таков заговор, Вратете се кон вашите основи обврски и дајте ни причина на сите да се гордееме“, наведе Трамп.
Претходно, и гувернерот на Флорида, Рик Скот го обвини ФБИ за пропусти и побара оставка од директорот на Бирото, Кристофер Реј.
Републиканецот Трамп досега во неколку наврати го обвини ФБИ за партизација и за работа во полза на Демократската партија.