
Поради појава на магла во Страцин видливоста е намалена од 80 до 100 метри. Сообраќајот на државните патишта се одвивa без забрани, застои и ограничувања по претежно влажни коловози. Снег со слаб интензитет врне на Попова Шапка, Стража, Маврово и Македонски Брод, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема.