
Две малолетни лица изминатата ноќ се сериозно повредени откако во крстосницата на улицете „Франклин Рузвелт“ и „Орце Николов“ во центарот на Скопје, на нив налетал автомобил, извести во вторникот министерството за внатрешни работи.
Автомобилот марка „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки управуван од 37-годишниот Ј.Д. од Скопје, удрило во двајца пешаци на возраст од 16 и 17 години, и двајцата од Скопје.
Од ударот малолетниците се здобиле со повреди и со други возило биле пренесени во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.
На 16-годишникот му биле констатирани телесни повреди, додека кај 17-годишникот биле констатирани тешки телесни повреди.