
Иако ветуваа професионалност и департизација судството, СДСМ со последните предлози за членови на советот на обвинители максимално го партизира ова тело. Партиските адвокати кои се членови на правниот совет на СДСМ, Ангеле Илиевски и Ангел Солев, се очекува да бидат нови членови на Советот на обвинители, пишува „Курир“.
Илиевски е познат по тоа што му беше адвокат на Зоран Верушевски во постапката “Пуч“ во која беше обвинет и премиерот Зоран Заев за кој подоцна СЈО го повлече тоа обвинение.
Ангел Солев, пак, е поранешен претседател на Основниот суд Скопје и во еден мандат член на Републичкиот судски совет.
Дали ваквото назначување на партискиот адвокат на Верушевски е награда за добро извршената работа останува непознато. Она што јавноста треба да го знае дека се врши директна партизација на сите нивоа во јавното обвинителство и во советот на обвинители.
Инаку, Советот на јавни обвинители е моќно тело кое избрира и разрешува јавни обвинители. Овие партиски војници во иднина ќе имаат моќ преку својата партија да местат подобни обвинители за остварување на интересите на СДСМ и ставање под целосна контрола на правосудството, пишува „Курир“.