Пожар во кумановската полиција

Пожар избувнал вчера во просториите на СВР Куманово, во една од канцелариите на отсекот за превенција, потврди денеска СВР Куманово.

Пожарот избувнал во седум часот и го забележал вработен. Интервенирала екипа на противпожарната единица со едно возило и петмина пожарникари.

Од СВР Куманово велат дека ќе се утврдува материјалната штета, а причината за избувнување на пожарот веројатно е дотраената електична инсталација.

Претходно, во јануари, пожар избувна во една од канццелариите за аналитика од СВР Куманово. Тогаш беше утврдено дека причина за настанување на пожарот беше застарената електрична инсталација.