
Владата ги прифати предлог-измените во Законот за аудио и аудио- визуелни медиумски услуги. Со дел од овие измени се предвидува членовите на Програмскиот совет на МРТВ и Агенцијата за медиуми да се бираат транспарентно преку јавен конкурс со дефинирани критериуми.
Законот го регулира и финансирањето на јавниот сервис, чиј буџет ќе изнесува 0,7% од БДП. Новост во овие измени ќе биде и тоа дека за прв пат се регулира работата на кабелските оператори во делот кој се однесува на правата и обврските за емитување на програми од странските медиуми.