
Премиерот Зоран Заев денеска во Берлин се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел. Средбата е во рамки на официјалната посета на владина делегација предводена од Заев на Германија.
По средбата, како што соопшти владината прес-служба канцеларката Меркел и премиерот Заев ќе имаат заедничка прес – конференција.
За време на посетата во Берлин, предвидено е македонскиот премиер да се сретне и со претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер.
Заев ќе има и обраќање во централната канцеларија на Фондацијата „Фридрих Еберт“.