
Од утрово укинати се забраните за тешки товарни возила на планинските превои Стража и Маврово кои беа воведени поради интензивни врнежи од снег.
На планинскиот превој Стража сообраќајот е нормализиран од 07:15 часот, а на планинскиот превој Маврово од 07:50 часот.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.