
Сообраќајната незгода, како што информираат од СВР Велес, се случила денеска во 12:30 часот на улицата „8-ми Септември“ во центарот на Велес кога патнички автомобил марка „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки управуван од 66-годишниот С.Т. удрил во пешакот, 60-годишниот М.К. од Велес.
Како што појасни портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, повредениот бил пренесен во велешката Општа болница каде по укажаната медицинска помош е задржан на обсервација.
Увид на местотот на настанот извршила екипа од СВР Велес.
Од велешката ЈЗУ Општа болница за МИА информирале дека повредениот е без сериозни повреди, но за секој случај лекарот кој го прегледал согласно медицинските правила одредил опсервација на пациентот и тој е задржан во болницата.