
Само еден твит на американската ѕвезда на реалните шоу програми Кајли Џенер за мрежата Snapchat во четвртокот предизивка остар пад на вредноста на акциите на оваа компанија сопственик на сервисот за испраќање пораки.
Џенер, којашто е полусестра на пославната Ким Кардашјан, на микроблогот напиша: „Го отвора ли некој уште снепчет? Дали станува збор само за мене…, уф тоа е толку тажно“.
Волстрит панично реагираше на пораката на „кралицата на снепчетот“ и акциите на Snapchat загубија во еден момент речиси 8 отсто од вредноста, односно вкупно околу 1,7 милијарди долари од вредноста на компанијата. Трговскиот ден, пак, го затворија со 6 отсто помала вредност.
Џенер подоцна објави нов твит: „Сепак се’ уште те сакам снеп… мојата прва љубов“