
Рускиот амбасадор и раскажал на полицијата дека еден вработен имал сомнително многу дипломатски багаж. Полицијата и руската служба за безбедност ја следеле пратката до Москва. Потоа уапсиле тројца аргентински цариници, Русите кои ги земале куферите на аеродромот и руски дипломат.
Како што во петокот објави министерката за безбедност на Аргентина, Патрисија Булрич, 389 килограми кокаин, чијашто вредност се проценува на околу 60 милиони евра, биле запленети во заедничка операција на службите на Русија и Аргентина, и притоа биле уапсени неколку лица, меѓу кои и службеник на аргентинската полиција.
Според Булрич, кон средината на декември 2016 година рускиот амбасадор дека во една просторија на дипломатската мисија биле откриени неколку ковчези со кокаин. Во текот на заедничката операција специјалните служби на двете земји го замениле кокаинот со брашно, вметнале гпс-уреди, а полицијата ги прислушувала телефонските разговори на лицата вклучени во обидот за шверц на дрогата. Според сознанијата, дрогата била наменета за транспорт во Русија.
„Наркотикот не беше испратен во Русија, таму отиде брашното“, вели министерката пофалувајќи ја целата операција со руските колеги затоа што „работевме така што немаше ниедно истекување“ на информациите за долгата операција.
Според пишувањето на аргентинското издание Clarin, дрогата била сместена во објектот на училиштето при амбасадата. Весникот наведува и дека уапсени се Иван Близнјук, кој работел во полициската управа на Биенос Аирес и кој повеќепати патувал во Русија за организирање заеднички обуки во областа на безбеднсота, како и Александр Чикало, кој работел заедно со него. Медиумите наведуваат дека во шверцот на дрогата бил вмешан и сметководителот на руската амбасада Ал Абијанов, кој ги внесол 16-те сандаци и кеси со дрогата во просториите на училиштет, како и лицето коешто се наоѓа во бегство коешто го нарекуваат „мистер К“, и кој според нивните сознанија бил шеф на наркотрогвците.
Од прислушуваните разговори се дознало дека сега уапсените не одржувале контакти само во Русија, туку и во Германија и Холандија. Покрај испраќањето на дрогата преку дипломатска пошта, групата се обидувала да организира нејзин транспорт и со приватни авиони или преку полициски кадети кои патувале на заедички обуки во Русија.