
Во тешката сообраќајна несреќа којашто се случи во саботата на автопатот Тетово – Гостивар, животот го загуби турски државјанин, а уште две лица итно се префрлени на скопските клиники.
Како што соопштија од МВР, автомобилот „алфа ромео“ со гостиварски регистерски таблички, управувано од турскиот државјанин 20-годишниот Б.O.А. излетал од коловозот и се превртело.
Во несреќата, на пат кон тетовската болница починал сопатникот во возилото турскиот државјанин 22-годишниот Т.У. , додека, пак, возачот Б.А. и вториот сопатник во возилото, исто така, турски државјанин, 20-годишниот Ч.М.Х., се здобиле со тешки телесни повреди.
По укажаната прва помош во тетовската Клиничка болница, тие двајцата итно се префрлени во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на настанот во тек е увид раководен од надлежен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово.