
Педесет и деветгодишна жителка на скопската општина Сарај е повредена откако се удрила во задното тркало на автобус кој застанал на автобуската постојка кај Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.
Повредената С.Ј. е пренесена во Градската општа болница каде ѝ е констатирана скршеница на карлицата и левиот скочен зглоб и е задржана на натамошно лекување.
Министерството за внатрешни работи во саботата соопшти дека настанот се случил претходниот ден околу 11,58 часот кога автобусот управуван од 53-годишниот С.М. застанал на постојката.