
Двојно е зголемено нивото на Вардар кај Јегуновце и кај Зајчев рид во однос на просекот за февруари.
Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека Вардар има повисоко ниво и кај Велес и Демир Капија, а покачени се водостоите и на Пчиња кај Катлановска Бања и Треска кај македонски Брод.
Намалени се водостоите на Крива Река кај Крива Паланка и на Црна Река кај Новаци, додека во рамки на февруарскиот просек е нивото на Брегалница кај Берово.
Водостоите на Охридското, Препанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот.