Возач тешко повреден во сообраќајка на патот Битола-Ресен

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа што вo неделата вечерта се случи на магистралниот пат Битола-Ресен.

Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајната несреќа се случила во близина на крстосницата „Макази“ на почетокот на местото викано Сопотски ливади, вчера околу 18 часот при што се судриле патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М. (43) од село Подмочани, ресенско и патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.П. (33) од село Долно Оризари, битолско.

Од судирот, возачот на возилото „даеву“ се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Битола.