
Непознати лица ноќта кон понеделникот го запалиле блиндираниот автомобил на генералниот конзул на Албанија во Солун.
Палењето се случило во два и пол часот по полноќ. Екипа на противпожарната бригада пристигнала на местото на настанот. При прегледот полицијата открила експлозивна направа. Истрагата се уште трае.
Се уште нема реакција од Албанија.