15.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Десетина сантиметри снег го блокираа Скопје

Снег од само десетина сантиметри успеа да предизвика вистински хаос во главниот град. Скопје изминатата ноќ беше  блокирано, главните артерии на градот Партизанска и Илинденска како лизгалиште, додека, пак, периферијата на градот наликува под планинско село кое го погодила снежна бура. Градските претпријатија не излегуваа на терен, снегот не се чистеше, граѓаните оставени сами на себе, се наведува во репортажата на Курир.мк

Возилата тешко се движеа, а граѓаните револтирани од неажурноста на властите.

Пинтија и Стаклара во Кисела Вода наликуваат на подпланински села кои ги завеала снежна бура, а не на населби на десетина километри од центарот на Скопје.

Снегот по улиците е причина и за сообраќајни незгоди, граѓаните јавуваат за десетина незгоди со возила низ градот, а до нашата редакција стигнаа фотографии од Бутел каде две возила поради непроодноста на улицата се судриле.

Улиците во општина Аеродром се целосно непроодни. Граѓаните се гневни од хаосот кој владее и посочуваат на неспособноста на општините и владата да се справат со овој проблем.

На социјалните мрежи врие од коментари за неажурноста на институциите. Токму една фејсбук група посветена на општина Аеродром граѓаните се правно подучувани дека за секој немил настан кој ќе се случи како последица на снежните наноси материјалната одговорност ја сноси општината. Постот на групата ,,Аеродром ВО МОЕТО СРЦЕ’’  гласи :

„Аеродромските улици и тротоари опасни за возење и пешачење. Општината со мал прст не мрда и мува не го лази градоначалникот. Драги сограѓани, за сите евентуални несреќи што може да се случат, материјална одговорност заради неспособноста на градоначалникот, сноси општината.“

Скопје е блокирано од  неисчистените улици, никаква реакција од институциите. Граѓаните се гневни и чекаат институциите да го расчистат снегот, кој повеќе од цел ден е неисчистен.

Не се памети кога во минатото било вака, до минатата година градот редовно се чистеше од снегот, а улиците не се оставаа да бидат завеани