-2.2 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Познат скопски бизнисмен ограбен од свој вработен (ВИДЕО)

Вработен во високо реномирана македонска компанија, ги украл роденденските подроци на својот газда, додека славеникот прославувал во еден скопски ресторан.

Неофицијално, станува збор за вработеен во приватната болница „Неуромедика“.

Имено, осомничениот, кој веќе не работи во компнијата, работел како обезбедување во „Неуромедика“, а, вечерта кога ја извршил кражбата, тој бил ангажиран да ја обезбедува роденденската прослава на својот газда.

Работата со обезбедувањето веројатно ја сфатил доста сериозно, па решил да ги „обезбеди“ подароците за себе.

Случајот е експресно разрешен бидејќи кражбата е снимена од безбедносните камери на угостителскиот објект.

Како што дознаваме, осомничениот вработен, исто така, експресно добил отказ од неговиот, веќе поранешен газда.

Подолу видеа од кражбата: