
Владата синоќа на својата 56. седница, отповика повеќе конзули, и тоа Ричард Голдман, Џејсон Мико, Томас Танеф, Ендру Димитри Пејкоф, Лоу Влашо, како и Пуршотам Карамангала Џајарам.
Од Владата не соопштуваат детали зошто се отповикани конзулите, а се очекува да има повеќе информации со денешната прес-конференција на владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.