
Јужна Кореја планира да испрати специјален претставник во Северна Кореја на покана на севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, информирал во четвртокот јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин во телефонскиот разговор со американскиот колега по должност Доналд Трамп.
Двајцата претседатели од разговарале за неодамнешната посета високи севернокорејските функционери Јужна Кореја, соопшти кабинетот на јужнокорејскиот претседател.
Зимските олимписки игри кои се одржаа во јужниокорејски Пјеонгчанг дадоа поттик на скорото подобрување на односите меѓу двете Кореи по повеќе од една година на изразено јакнење на тензиите поради севернокорејските програми за развој на нуклеарно оружје и балистички проектили, особено по шестиот и досега најсилен нуклеарен тест и покрај санкциите од Обединетите нации.
„Мун и Трамп се согласија дека ќе продолжат да вложуваат напори за денуклеаризација на Корејскиот полуостров со зачувување на подемот во дијалогот на Северна и Јужна Кореја“, се наведува во соопштението.
Со испраќањето на свој претставник во Пјонгјанг, Мун ќе одговори на испраќањето високи севернокорејски делегации на игрите, вклучително и Ким Јо-џонг, сестрата на Ким Џонг-ун, прв член на владејачкото семејство на Северот која тоа го сторила по Корејската војна од 1950 до 1953 година.
Притоа делегациите од Пјонгјанг изјавија дека севернокорејската влада е отворена за разговори со САД, додека Белата куќа порача дека преговорите мора да доведат до запирање на севернокорејската нуклеарна програма, што Ким го одбива сметајќи ја за гаранција за безбедноста на неговата земја.
Мун ги повика и двете страни да попуштат и спорот да го решат преку дијалог.
„Двајцата челници се договорија дека ќе ги продолжат блиските консултации за напредокот меѓу Северна и Јужна Кореја коишто ќе продолжат“, се наведува во соопштението на Сеул.