
Најмалку 25 лица ги загубија животите во пожар кој избувнал во петокот во клиника за рехабилитација на нарко-зависници во азербејџанската престолнина Баку, соопштија властите.
„Пожарот избуван во 7,10 часот и загинаа 25 лица“, објавија обвинителство и неколку министерства во заедничкото соопштене, истакнувајќи дека станува збор за дрвено здание.
Според прелиминарните сознанија на истрагата, најверојатно електричен проблем е причина за пожарот, според истиот извор.
Претходно новинската агенција APA претходно јави за 30 жртви. Гаснењето траело два часа, а биле ангажирани 43 противпожарни возила и 160 лица.
Според министерството за здравство, во болницата вкупно се наоѓале околу 200 пациенти и членови на персоналот, а во делот кој горел имало 55 лица. Од нив 30 биле евакуирани, од кои тројца побарале медицинска помош.
Жртвите биле пациенти пицврстени за креветите, во неможност да побегнат од оган.