
Собранието го избра Ангеле Илиевски за член на Советот на јавни обвинители.
Илиевски е адвокат, кој беше дел од одбраната во случајот „Пуч“, каде обвинети беа екс шефот на УБК, Зоран Верушевски, и актуелниот премиер, Зоран Заев.
За член на Советот на јавни обвинители, Собранието денеска го избра и адвокатот Ангел Солев.
За нов уставен судија беше избран Насер Ајдари.