Астори не умрел од природна смрт

Јавното обвинителство од Удине истражува дали фудбелерот и капитен на „Фиорентина“, Давиде Асторе (31) бил убиен, јавуваат тамошните медиуми.

Иако се шпекулираше дека Асторе починал од срцев удар, според последните информации, се истражува можноста да станува збор за убиство од небрежност.

Ние отворивме кривична постапка, во која ќе ја разгледуваме ситуација за можно убиство од страна на непознати лица. Ние исто така наредивме аутопсија на телото, која ќе биде направена наскоро и ќе ги покаже причините за смртта- изјави обвинителот Антонио де Николо.

Асторе беше пронајден мртов во неделата во хотел во Удинепред официјалниот натпревар на неговиот тим во Серија А помеѓу Удинезе и Фиорентина.