Јунјатед со голем пресврт во последните моменти до победата

Во последниот натпревар од 29-то коло на англиската Премиер лига, фудбалерите на Манчестер Јунајтед во понеделникот на гости кај Кристал Палас славеа со 3:2, иако домашните имаа предност од 2:0.

Кристал Палас, кој се бори за опстанок во Премеир, поведе во 11 минута, кога Андрос Таунзенд шутираше до 17 метри, токата го зафати Линделоф во одраната на Јунејтед и го измами голманот Де Хеа. Во 48 минута Патрик ван Анхолт го удвои водството на домашните.

Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ и покрај бледата претстава успеаја да дојдат до израмнување. Прво во 55 минута стрелец беше Крис Смајлинг, а во 76-те Ромелу Лукаку. Победата на Јунајтед му ја донесе Немања Матиќ во првата минута од судиското продолжение со прекрасен погодок од 25 метри.

Манчестер Јунајтед по два дена повторно се врати на втората позиција на табелата со 62 бода, два повеќе од третиот Ливепрул и четири за четвртиот Тотенхем. Но градскиот ривал Манчестер Сити е на врвот со предност од дури 16 бодови.

Кристал Палас е на 18-то место коешто води во понизок ранг на натпреварување, со 27 бодови и е во групата екипи кои се сместени во само три бода започнувајќи од 13-от Свонски кој последните кола не знае за пораз и се извлече од претпоследното место.