
Во близина на трговскиот центар „Веро Џамбо“ едно лице во понеделникот вечерта се заканувало дека ќе скокне од четврти спрат од недоизградена зграда, објави Либертас.
Екипи на СВР и Брза помош биле на терен кај зданието зад трговскиот центар.
Според информациите на порталот, лицето набрзо било спречено во обидот да се самоубие, а во акцијата учествувале алфите и тим од потраги при МВР.