Руски транспортен авион падна во Сирија, загинаа 32 лица

Руски транспортен авион од типот „Ан-26“ се урна во Сирија во текот на приземјувањето, при што загинале сите 32 луѓе во леталото, пренсува во вторникот руската агенција ТАСС, повикувајќи се на соопштение на министерството за одбрана.

„„На 6-ти март, околу 15 часот по московско време (14 по македонско) при слетување во Хмејмим пад претрпе руски транспортен авион Ан-26. Според првичните податоци, во леталото имало 26 патници и шест членови на екипажот, сите загинаа“, се наведува во соопштението.

Причина за несреќата, додава руското министерство за одбрана, според првите сознанија можно е да е технична неисправност. Според извештајот од местото на трагедијата, во областа немало огнено дејствување врз авионот, се додава во соопштението.

Извори од местото на хаваријата рекле дека авионот се судрил со земјата при понирањето, на околу петстотини метри пред пистата.