
Тетовец останал без својот автомобил откако му го украле дедека пазарел во месарница, информираше МВР.
Според полицијата, кражбата се случила денеска околу 8 часот пред месарницата на тетовскиот зелен пазар.
Тогаш Р.Ј. (57) од Тетово го паркирал својот автомобил „тојота“ и влегол во продавницата.
Бидејќи брзал го оставил клучот во бравата. Тоа го забележал непознатиот крадец, кој го искористил невниманието на Р.Ј. и го стартувал автомобилот по што ибегал во непознат правец.
Според сопственикот, вредноста на возилото е околу 6.600 евра.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на крадецот и украдениот автомобил.