
Џеват Исени, претседател на Одборот на директори во Акционерското друштво за изградба стопанисување со станбен и деловен простор во Република Македонија, зборува за катастрофалната дискриминација што се случувала во оваа ретпријатие за време на вработувањето.
Тој вели дека таму процентот на албанците е “нула проценти”, односно од 400 вработени само 4 се Албанци, а албанските партии кои биле на власт во изминатите 11 години не презеле ништо за промена на оваа ситуација.
Во интервјуто за весникот Лајм и Лајм ТВ, Исени вели дека од позицијата во која сега се наоѓа ќе се ангажира во подобрување на оваа дискриминација и другите неправди што се направени таму. Исто така, ветува расветлување на сомнителните случаи на корупција што се случиле во минатото во ова претпријатие.