Нејмар се кае, сака назад во Барселона

Бразилецот Нејмар да Силва Сантос Жуниор (26), кој пред почетокот на сезоната замина од „Камп Ноу“ во Париз, и тоа за рекордна сума од 222 милиони евра, сега повторно сака да игра за Барселона, пренесува каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ .

Веста која ексклузивно ја носи весникот вели дека Нејмар се покајал за тоа што си заминал во „ПСЖ“ и и сега повторно сака да биде дел од каталонскиот гигант. Бразилецот вели дека избрзал и дека не требало да го напушти клубот со кој освои толку многу трофеи.

Тој наводно пред првиот осминафинален натправар на „ПСЖ“ со „Реал“ Мадрид се видел со своите поранешни соиграчи и раководството на „Барселона“ на кои им се покајал за одлуката. Нејмар побарал трансфер во клубот во 2019 година.

Нејмар моментно се наоѓа во родниот Бразил, каде е на рехабилитација. Тој се повреди на натпреварот во Мадрид и треба да паузира неколку месеци. Се надева дека ќе биде подготвен за настап на Светското првенство во Бразил ова лето.