Серена Вилијамс се врати со победа

Поранешната најдобра светска тенисерка, Американката Серена Вилијамс (36) по повеќе од една година поради раѓањето на нејзината ќерка на турнирот во Инијан Велс. Таа ја победи Зарина Дијас од Казахстан со 2:0 во сетови,  7-5 и 6- 3.

Тоа беше првиот натпревар на Вилијамс по освојувањето на Австралија Опен во јануари минатата година, па на мечот имаше силна поддршка од публиката.

– Дефинитивно не беше лесно, но беше добро. Малку сум „’рѓосана“. Сега си одам дома кај ќерка ми и возбудена сум поради тоа- изјави освојувачката на 23 Гренд слем турнири.

Серена ја родила ќерката Алексис Олимпија на 1 септември минатата година, а планираше да се врати на терените претходно оваа година, но поради компликации со здравјето по породувањето, од кое и се создале згрутчување на крвта во белите дробови, го одложи враќањето.

Во вториот круг, Серена ќе игра против сегашните 29-ти светски играчи, Холандија Кики Бертенс.