
Водостојот на Вардар денеска е понизок од вчерашниот ден, но се уште над просекот за март, покажуваат најновите хидролошки мерења.
Кај Јегуновце и кај Велес денеска нивото на Вардар е за 20 сантиметри пониско од вчера, кај Зајчев Рид е за четири сантиметри пониско. На исто ниво како вчера е водостојот на Вардар кај Демир Капија.
За 17 сантиметри е намалено денеска и нивото на Треска кај Македонски Брод, а пониски во однос на вчера се и водостоите на скоро сите реки во државата. Исклучок се Брегалница, Крива Река и Црн Дрим кај кои е забележано минимално зголемување на водостоите.