Спасовски: МВР нема да толерира загрозување на истраги

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски прес конференција во саботата, потврди дека ден порано е уапсен Драган Симоновски е дел од Кабинетот на министерот, и оти се сомничи за оддавање службена тајна и загрозување на истрага.

„Сакам да ве информирам дека е поднесена кривична пријава против Д.С., инаку член на мојот кабинет. Станува збор за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Очекувам многу скоро, во законски утврдена постапка, сомнежот да биде потврден или отфрлен. Оддавање на службена тајна, загрозувања и наштетувње на истрага се казниви дела. Граѓаните ни ја дадоа довербата да се бориме против криминалот и за било какви потврдени незаконски активности ќе има нула толеранција. Тоа треба да му биде јасно на секого. МВР нема да толерира загрозување на истраги и постапки. Ова е пораката за секој кој има намера да соработува или да учествува во криминал, без оглед на позицијата која ја има во општеството или институциите“, рече Спасовски во кусата изјава пред новинарите.

Министерот повтврди, исто така, дека осомничениот бил по професија криминалист и бил државен советник за криминалистички работи.