
Од Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ во петокот вечерта во 19,17 часот пријавено е дека кај нив е донесен повреден 18-годишниот А.Б.од скопското село Блаце, со убод од нож во пределот на ногата од страна на непознато лице пред училиште во општина Шуто Оризари.
На тинејжерот му е констатирана телесна повреда во пределот на десниот колк, а како сторители се посочени неколку малолетници лица, додека како причината се наведува претходна расправија за девојка.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.