
Јавноста секојдневно е сведок на поставување партиски кадри на СДСМ како на чело на државните институции кои треба да ги штитат интересите на сите граѓани, така и масовни вработувања на своите партиски членови во јавните служби, за кои инаку од позиција на опозиција обвинуваше за пренатрупаност.
Последен во низата примери е дописот на Службата за општи и заеднички работи на Владата којашто известува дека избрала четири возачи на лично располагање, тројца келнери и еден возач во гаража. Прашање е само колку овие лица навистина ќе се вработени или станува збор за партиски тркачи кои за својот ангажман ќе бидат плаќани од државната каса.
Според сознанијата станува збор за партиски членови на владејачката СДСМ, заслужни за дејствување на терен и особено на социјалните мрежи, како што е извесен Фестим Рушани кој е особено активен на фејсбук каде што поставува редовно фотографии во друштво со членови на раководството на социјалдемократите и објави со поддршка, што потврдува дека станува збор за предан партиски член, кој е чест гостин во министерските кабинети и помага за вработувања на роднините.