
Повторно одложен почетокот на судењето за
Се уште се чека кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
Судењето на Љупчо Стојановски, дедото на починатото девојче Тамара, кој е обвинет за обид на убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, повторно се одложи. Овој пат причина за одложувањето е новото вештачење за психичката состојба на обвинетиот, кое се уште не е завршено.
Претходно Апелацискиот суд ја прифати жалбата на одбраната на обвинетиот, која го оспори вештачењето на обвинителството, бидејќи го изработиле вештаци со истечени лиценци.
Новото вештечење треба да покаже дали Стојановски во моментот кога пукал во Тодоров бил пресметлив. Судијката го прочита одговорот од Министерството за правда во однос на оспореното вештачење поради истечена лиценца на вештаците.
Во Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на кривичното дело се наоѓа во притвор.