
Успрешното враќање на поранешната најдобра светска тенисерка Серена Вилијамс, заврши во третото коло од мастерс турнирот во Индијан Велс. Во сестринското дерби Серена загуби од постарата сестра Венус со 2:0 во сетови, во првиот 6:3, вториот 6:4 во гемови.
Серена Вилијамс во претходното коло ја совлада Холанѓанката Кики Бертенс со 2:0 во сетови .
Во осминафиналето Венус Вилијамс ќе игра против Севастова.