Димовски: Законот за јазици на ист ден кога УЧК почна да пука во Тетово

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска од говорницата на Собранието на 32. седница на која ќе се гласа за Законот за јазиците, се осврна на денешниот датум кој бил одбран за седницата.

– Џафери го избра датумот кога пред години УЧК почна да пука во Тетово, истакна тој.

Ова наиде на реакции од пратениците.

Џафери поради долгото обраќање го исклучи микрофонот на Илија.