
Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, поранешен пратеник на ДУИ, и поранешниот војник на УЧК, Хисен Џемаили, заедно со поранешните борци Хамзи Гаши, Али Самадраџа, Хусни Реџа, Измит Нура и Мемет Селмани, сите членови на 112-та бригада „Мујдин Алиу“, го прославија донесувањете на законот за употреба на јазиците, известува Актуеле.мк.
Поранешниот борец на Бригада 112 „Мујдин Алиу“, Хамзи Гаши на својот профил на Фејсбук напиша: Прославувајќи го официјализирањето на албанските јазик, војници, борбени другари на 112-та бригада Мујдин Алиу. Нема поубаво нешто од тоа кога аманетите од војната се реализирани!