Кумановци претепани во Шутка поради невеста бегалка

Кумановско семејство било тепано со дрвени палки кога дошле да си ја земат ќерката бегалка, вчера во скопската населба Шуто Оризари, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 20 часот кога  Д.Ш. (42) од Куманово бил физички нападнат од Б.Џ. (22) од Скопје и уште неколку непознати лица. Кумановецот претходно договорил средба со Б.Џ., со кого побегнала неговата ќерка Е.Ш. (19). Кога Д.Ш. со автомобил „голф 3“ дошол на договореното местосо заедно со неговата сопруга З.Ш. (39), неговиот брат Ш.Ш.  (40) и неговиот 17-годишен син, го забележале Б.Џ. со повеќе непознати лица. Несудениот зет веднаш почнал да го удира Д.Ш. со дрво по главата и по телото, а потоа и другите му се придружиле и почнале да ги тепаат со раце и нозе патниците во „голфот“.

Во еден момент малелетниот кумановец успеал да избега, но Б.Џ. зел секира и со уште двајца трганел по момчето. Тој успеал да се скрие во куќата на својата баба во населбата, но тројцата насилници со секира и со дрвени палки ја скршиле вратата и го истепале внукот. Таа го пријавила случајот во полиција и ги идентификувала напаѓачите Б.Д. (50) и Е.С. (27), кои биле со Б.Џ..

Кумановецот заедно со сопругата и братот со возило на Итната меедицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Св. Климент Охридски“, додека малолетникот со тешки повреди бил однесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Полицијата презема  мерки за целосно расчистување на случајот.