
Управата за финансиска полиција денеска ќе презентира детали за случајот со приведувањето на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи Васе Доневски, кој се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување.
На прес-конференцијата најавено е присуство на директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми.
Од Управата за финансиска полиција вчера за МИА изјавија дека покрај Доневски, со предистражната постапка се опфатени повеќе лица и оти се уште траат активностите на терен.
Доневски беше разрешен од новата Влада во јули годинава и на негово место беше назначен Пеце Мирчески од СДСМ.