
Поранешниот премиер Никола Груевски и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска во судница на рочиште за случајот „ТНТ“, одговарајќи на прашањето на судијата Огнен Ставрев, двајцата се изјаснија за невини. И останатите петмина обвинети во случајот рекоа дека не чувствуваат вина.
Пред почетокот на денешното рочиште за случајот ТНТ, судијата Ставрев им нагласи на адвокатите на Груевски, како и на бранителите на останатите обвинети дека ќе им дозволи да зборуваат само по 5 минути. На ова Груевски му се обрати на судијата и му рече: „Не знаевме дека ќе има вакво ограничување судија”. Судијата Ставрев укажа дека 5 минути се доволно за да се каже барање или приговор и дека подолго зборување само непотребно ќе ја одолговлекува постапката.
Во случајот „ТНТ“ обвинети се седум лица.