
Пролетта во Македонија и на северната хемисфера почнува денес во 17:15 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
Првиот пролетен ден во Македонија ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути.
На првиот ден од пролетта времето во Македонија ќе биде облачно со краткотраен дожд.
Пролетта ќе трае до 21 јуни во 11:07 часот кога календарски почнува летото.
Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 24 и 25 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.