
Најдобрата екипа во НБА лигата, Хјустон Рокетс, стави крај на серијата од 13 последователни победи на Портланд Треил Блејзерс (111-115) и уште еднаш докажа зошто е главен кандидат за освојување на титулата. Лидер во триумфот на „Ракетите“ и на ова гостување беше Џејмс Харден, со постигната 42 поени и седум асистенции. Крис Пол се надоврза со 22 поени и осум скока.
Најдобрата екипа на Истокот, Торонто Репторс, анулираше огромна предност во последната четвртина, која ја доби со 25:10, за да забележи нова гостинска победа, овојпат кај Орландо Меџик (86-93). Во отсуство на Демар Дерозан, лидерската позиција кај Репторси ја презеде Кајл Лаури, кој со 25 поени и осум асистенции беше најдобар поединец во својот тим.