
Босанскиот фудбалер Миралем Пјаниќ од редовите на Јувентус е на мета на ПСЖ, кој подготвува целосна реконструкција на тимот, пишува француски „ЛеФигаро”. Новото засилување на ПСЖ би требало во Париз да пристигне после завршувањето на сезоната.
Пјаниќ, кој е играч за врска, би требало да биде еден од главните играчи заедно со Верати.
Иако Пјаниќ е под договор со италијанскиот клуб, сепак спортскиот директор на францускиот клуб, Антеро Енрике добил слобода во одлучувањето околу финансиите од страна на претседателот на ПСЖ, Ал Келаифи и се очекува Босанецот после завршувањето на сезоната да пристигне во клубот.