
Меѓународна криминална група која се занимавала со шверц на кокаин била разбиена во Грција, јавуваат тамошните медиуми.
Според првите информации, во заедничка акција на грчката, српската полиција и американската агенција ДЕА биле заплнети 23 килограми кокаин.
Вредноста на запленетата дрога изнесува милион евра. Уапсени се повеќе лица, меу кои има и српски државјани.