ДУИ иницира работна собраниска група за случајот „Алмир“

Пратениците од парламентарната група на ДУИ со согласност на родителите на Алмир Алиу иницираа формирање работна собраниска група каде ќе биде разгледан случајот „Алмир“, соопштија од ДУИ.

Од партијата денеска во Собранието се сретнале со семејството Алиу и нивниот адвокат Асмир Алиспаиќ, кој рече дека очекува во овој процес да бидат избелени сите процедурални прекршувања и сите неправди направени од страна на Обвинителството.

Иницијативата за формирање на работната група е предадена и архивирана уште денеска, во иста форма како и работната група за случајот Сопот, која исто така беше иницирана од ДУИ. Од ФДУИ бараат поддршка од сите партии, за како што велат, овој процес да не добие политичка, партиска или етничка насока.