
Автобус на ЈСП кој сообраќал на линијата со број 50 вчера бил каменуван на булеварот „Крсте Мисирков“, при што оштетени биле три скала.
Од полицијата информираат дека по преземени мерки, а од слобода е лишен А.М. (22) од Скопје.
Тој бил приведен во Полициската станица Бит Пазар, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.